„Газета дело Спорт“ откри детали од договорот меѓу Ибрахимовиќ и Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми шпекулираат дека Златан Ибрахимовиќ повторно ќе се врати во Милан, каде што настапуваше од 2010 до 2012 година.

„Росонерите“ сакаат да стигнат до позиција, која ќе им обезбеди пласман во Лигата на шампиони и бараат алтернатива за Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне, па затоа решија да го ангажираат Ибрахимовиќ.

Спортскиот директор на Милан, Леонардо имал преговори со агентот на Ибра, Мино Рајола пред неколку дена, па сега неговото враќање на „Сан Сиро“ е само формалност, па се очекува Швеѓанецот да добие два милиони евра за шест месеци.

Ибра неколку пати кажа дека тој и семејството сакаат да заминат во Милан, а доколку се реализира трансферот, тогаш Швеѓанецот ќе се врати во градот по шест години.