„Газета дело Спорт“: УЕФА жестоко го казнува Милан!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дисциплинската комисија на УЕФА задолжена за Финансискиот фер-плеј во понеделник официјално ќе ја каже одлуката за Милан.

„Газета дело Спорт“ пишува дека на „росонерите“ не им се пишува добро, па наводно клубот ќе биде казнеет со исфрлање од Лигата на Европа и со 30 милиони евра.

Милан во моментов е во хаос, поради лошото управување на новите кинески сопственици, а казната би можела да биде и крај на неуспешната ера на Јонгхонг Ли.

„Росонерите“ завршија на шестата позиција во Серија А, но ниту тоа не беше доволно за управата. Јонгхонг Ли до петокот мораше да плати 32 милиони евра, но не го направи тоа.

Сега се споменуваат многу бизнисмени како потенцијални купувачи, но засега нема никакви конкретни информации.

Дали навистина ќе биде таква казната на Милан или УЕФА ќе им „прогледа низ прсти“, останува да видиме во понеделник.