Галатасарај заинтересиран за фудбалер на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот од Истанбул се обидува на сите начини да стигне до фудбалерот на Барселона.

Според медиумите, екипата на Галатасарај ќе испрати понуда до Барселона за Алеиш Видал.

Тие веќе некое време се заинтересирани за десниот бек на Барселона, а сега се подготвени да тргнат во акција.

Планот е дел од парите од продажбата на Лукас Подолски да ги вложат во Видал.

Се верува дека Галата ќе добие 20 милиони евра од тој трансфер.

Видал не е во плановите на Барселона, па некое време сакаат да се ослободат од него, но не сакаат да го пуштат бесплатно.

Галата и Гвангжу се во заврши преговори за продажбата на Подолски, а штом се биде готово, тие ќе тргнат во акција по Шпанецот.