Гатузо го дочека прашањето кое го очекуваше: „Сам сакаше да си оди“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан вчера како гостин го совлада Сасуоло со 4-1, а со ова можеби најави излез од резултатската криза која го потресе клубот на стартот од новата сезона.

Иако тимот беше расположен на овој натпревар, факт е дека во претходните неколку кола Милан се мачеше со реализацијата.

Погкрај сево ова не е чудо што новинарите на прес конференцијата го прашаа Џенаро Гатузо да појасни зошто клубот така лесно се откажа од Андре Силва кој го пратија на позајмица во Севиља.

Португалецот на Сан Сиро пристигна минатата се зона како големо засилување, но не се докажа па експресно си замина.

„Андре Силва не сакаше да остане со нас. Рече дека сака да си оди и откако го слушнав тоа не можев ништо да направам. Не можев да му гарантирам дека ќе одигра 25-30 натпревари во сезоната. Никој не се откажа од него, тој сам си замина.“, појасни Гатузо.

Андре Силва игра фантастично во Севиља и постигна седум голови во Ла Лига на исто толку натпревари. Во споредба со Милан лани одигра 40 натпревари, а постигна само 10 голови и тоа повеќето во лигата на Европа против послабите клубови.