Гатузо залепи шамар на играч на Милан, зашто се сликаше со дрес на Барселона! (ВИДЕО)


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо е познат по својот темперамент, кој го имаше и додека играше во Милан и италијанската репрезентација.

Гатузо секогаш го кажува тоа што го мисли, а често реагира на начин поради кој многумина остануваат без текст. Често се случува Гатузо да удри шамар на свој помошник или играч, а тоа го покажа на почетокот на месецот по пријателскиот дуел против Барселона.

Милан победи со минимални 1-0, а во центар на внимание беше младиот дефанзивец Габриеле Белоди, кој доби дрес од Марк-Андре Тер Штеген со кој се фотографираше пред камерите.

Сепак, остана во шок откако некој му удри шамар од зад грб, а кога се сврте виде дека тоа е Гатузо.