Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на фудбалерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека на него останува да работи со играчите кои му се на располагање и дека за него Џанлуиџи Донарума е еден од најважните делови во Милан.
„Росонерите“ беа поразени од Јувентус во финалето на Купот на Италија, а Донарума дури четири пати ја вадеше топката од својата мрежа.
„Во моментов Џиџи е голман на Милан, а останатото ќе го одлучи клубот. Јас сум само тренер и моја должност е да работам со играчите кои ми се на располагање. Донарума е еден од најважните голмани во светот“, кажа тој.