Гатузо: Малку атмосферата, малку судијата, но нема оправдување за излегувањето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан со синоќешниот пораз од Олимпијакос со резултат од 3-1 беше елиминират од Европската лига.

Ова е првпат славниот клуб да излезе од групната фаза на некое европско натпреварување уште од 2000. година, па логично е тренерот Гатузо да биде огорчен.

„Многу сме разолачарни, но овој натпревар буквално ин го поклонивме на Олимпијакос. Цело време игравме лошо, противникот беше подообар и нема оправдување за излегувањето. Жал ми е за милионите наши навивачи кои вечерва се тажни“, рече Гатузо и додаде:

„Морам да кажам и дека судијата направи некои одлуки кои се дискутабилни, но и атмосферата на стадионот беше пеколна. Не се снајдовме, но тоа не смее да ни биде изговор.  Често изгледаме како тим кој нема самодоверба и одлучност. Иритира тоа што ги направивме истите грешки како лани против Арсенал, но и понатаму тврдам дека сме посилен тим од Олимпијакос“.

На Милан им одговараше пораз од 1-0 или 2-1, но третиот гол го примија од дискутабилен пенал во 81. минута.