Пиоли го призна поразот: Подобриот тим ќе игра во полуфинале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан загуби и вторпат за една недела од Рома во четвртфиналето на Лига Европа, а тренерот Стефано Пиоли им честиташе на ривалите за успехот.

„Росонерите“ долго време играа со фудбалер повеќе на теренот, но тоа не го искористија и на крајот се збогуваа со натпреварувањето.

„Рома заслужено се пласира во полуфинале. Тие играа поквалитетно од нас. Ние имавме шанси, но не ги искористивме. Очекував многу повеќе од моите фудбалери“, кажа Пиоли.