Гатузо малку се прецени: Нема играч кој не сака да игра во Милан!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека им е тешко на играчите да одбијат повик од екипа каква што е Милан.

„Росонерите“ летово ги донесоа Гонзало Игуаин и Матија Каладара од Јувентус, а во Торино го испратија Леонардо Бонучи.

Стратегот на Милан кажа дека победата на Милан на американската турнеја против Барселона е повик од „Сан Сиро“ за многу фудбалери.

„Кога разговарам со играчите, имам впечаток дека поради историјата на Милан им е тешко да го одбијат клубот. Сите сакаат да дојдат во Милано, никој не може да не одбие“, кажа Гатузо.

Италијанецот призна и дека во еден момент Артуро Видал бил блиску до трансфер во Милан, но на крајот решил да ја продолжи кариерата во Барселона.

„На кого не му се допаѓа Видал? Сите знаеме за каков играч станува збор. Се сеќавам кога играв против него. Тој беше вистински борец“, вели тренерот на „росонерите“.