Гатузо меѓу редови потврди дека Бонучи сака да си замине


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо меѓу редови потврди дека Леонардо Бонучи сака да си замине од клубот.

Стоперот беше стартер на денешниот натпревар против Новара, но за него продолжува да се шпекулира дека е пред трансфер во редовите на ПСЖ.

Не многу охрабрувачка изјава за фановите на Јувентус даде и тренерот на Милан, Џенаро Гатузо.

„Разговарав со него. Лео е голем професионалец и неверојатен играч, но ние мора да ги слушаме и желбите на фудбалерите. Можам да зборувам за него само засега, за тоа што тој го дава за нас, но во одреден период одлуките мора да се почитуваат, кога еден фудбалер ќе се однесува како голем човек, тој никогаш нема да наиде на пречка од моја страна“ –коментираше Гатузо по натпреварот со Новара.