Гатузо откри што Игуаин мора да промени, па порача: Се надевам дека противниците не ме слушнаа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо е задоволен бидејќи неговата прва ѕвезда, Гонзало Игуаин почна да постигнува голови, но порача дека мора да поработи дополнително.

Игуаин го постигна првиот гол против Каљари во минатото коло, а потоа и против Дуделанге во Европа лигата, но Гатузо смета дека треба повеќе да се движи во шеснаесетникот.

„Сите сме среќни поради победата, не само Игуаин. Имаше неколку прилики, можеше да постигне и хет-трик. Тој во последнмо време повеќе стои на местото каде што се изведуваат пенали, а во Наполи знаеше да постигнува голови и крај двете стативи. Тоа мора да се промени. Се надевам противниците не ме слушнаа дека ова го кажав“, порача Гатузо и ги насмеа присутните новинари.

Милан во наредното коло во Серија А игра против Аталанта на домашен терен.