Гатузо пред дуелот со Јувентус: Нема да седиме и да плачеме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, очекува Матео Мусакио да се врати на време за дуелот против Јувентус и покрај тоа што мораше со носила да биде изнесен од теренот против Реал Бетис.

Одбранбениот фудбалер се повреди откако се судри со глава со Френк Кеси во осмата минута пред крајот на дуелот.

Мусакио се онесвести, но потоа се појави во микс-зоната по завршувањето на натпреварот.

„Матео ќе се обиде да се врати што е можно побрзо. Мораме да почекаме и да видиме што ќе се случува. Не можам ништо да кажам за неговата повреда“, кажа Гатузо.

Наводно, постои можност Мусакио да се врати за дуелот против Јувентус, а најверојатно на мечот нема да настапат Гонзало Игуаин, Бонавентура…

„Нема да седиме и да плачеме. Ќе играме против еден од најдобрите клубови во Европа и нема да се предадеме“, објасни Италијанецот.

Милан и Јувентус играат в недела од 20.30 часот.