Гатузо призна: Игуаин сака да замине, но ако ме прашуваат мене, јас би го заклучил дома и не би го пуштил!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо потврди дека напаѓачот Гонзало Игуаин покажал желба да си замине од „Сан Сиро“.

Милан во саботата по продолженија ја победи Сампдорија во Џенова со 2-0 и така се пласираше во четвртфинале на италијанскиот куп, но по натпреварот се зборуваше за иднината на Игуаин.

„Имаме искрен однос, ја кажуваме вистината на луѓето. Во моментов Игуаин е фудбалер на Милан. Не знам што ќе се случи. Многу разговарав со него, но тешко е да се даде совет на фудбалер, чија кариера трае 13-14 години. Тоа е негов ум, а не мој“, вели Гатузо.

Исто така, Италијанецот вели дека не му е јасно поради што Аргентинецот не е задоволен.

„Изгледа задоволно и има одлична атмосфера во соблекувалната. Ако е до мене, ќе го повикам до мене, ќе го заклучам во соба и ќе му давам храна на два-три часа. За жал, не можам да го направам тоа“, објасни Гатузо.