Гатузо среќен: Фабрегас потпиша, а тоа е олеснување и за Милан!?


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Во претходниот период се шпекулираше дека Милан сака да го ангажира Цеск Фабрегас од Челси, а очигледно тоа наскоро ќе го исполнат.

Фабрегас реши да замине од Челси, зашто сака повеќе да игра и наводно Милан е негова нова дестинација. Нема уште официјални потврди, па чекаме во јануари да видиме што ќе се случи.

Шпанецот има договор до јуни со Челси, а притоа потпиша договор со Пума во наредните четири години и тоа би можело да биде првиот чекор кон „Сан Сиро“.

Пума од неодамна е спонзор на Милан и токму поради тоа компанијата би можела да му помогне на клубот од Милан да го ангажира искусниот фудбалер.