Гвардиола го „најде“ лекот за ЛШ – купува ѕвезда и го руши светскиот рекорд во јануари!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер сити сака да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) и тоа беше јасно од моментот кога на тренерската клупа пристигна Пеп Гвардиола пред две години.

Тие минатата сезона убедливо ја освоија титулата во Премиерлигата, но во борбата за ЛШ загубија од Ливерпул во четвртфиналето.

Сега сакаат да освојат сè, а англиските медиуми пишуваат дека Пеп Гвардиола знае што му недостига во екипата.

Наводно, Гвардиола сака да го купи Килијан Мбапе за неверојатни 200 милиони фунти за да го ангажира Французинот и така да го урне светскиот рекорд.

И тоа не е сè, туку Сити би можеле да му плаќаат 20 милиони фунти годишно за плата, доколку се договорат двете страни во јануари.