Гвардиола го освои првиот трофеј со Сити откако го растури Арсенал во Карабао купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола го освои првиот трофеј откако е на клупата на Манчестер Сити по убедливата победа над Арсенал со 3:0.

Сити  беше фаворит на овој натпревар, а таа улога во целост ја оправда на теренот против безидејниот Арсенал чии навивачи ќе почекаат на нова титула во ова натпреварување.

„Граѓаните“ поведоа по 18 минути преку Серхио Агуеро кој се наоѓа во прекрасна форма. Во второто полувреме видовме уште два гола во мрежата на „топчиите“. Најпрво Компани погоди во 58. минута, а седум минути подоцна Давид Силва го постави конечниот резултат.

Сити го освои првиот трофеј оваа сезона, а му останува да ја потврди титулата во Премиер лигата и да се обидат да стигнат до насловот во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Арсен Венгер се уште нема ниту една титула во сегашниот Карабао куп или попознат како Лига куп со тимот на Арсенал.