Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во разговор за британските медиуми со одбрани зборови зборуваше за Давид Силва.
„Граѓаните“ некое време нема да може да сметаат на Силва кој е надвор од ростерот поради проблеми со тетивата, а сега кога после две недели пауза се врати во тренинг процесот, задоволството не го криеше ниту Гвардиола.
Гвардиола зборувајќи за шпанскиот фудбалер истакна, помеѓу останатото дека Силва е еден од најдобрите со кои соработувал во текот на досегашната кариера.
„Соработував со многу добри играчи и во Баерн и во Барселона, но Силва дефинитивно е на листата најдобри со кои сум соработувал. Сакам играчи кои излегуваат од тие тешки моменти во кариерата и велат: Океј, се вратив“, истакна Гвардиола.
Во актуелната сезона, Силва за Манчестер Сити постигна осум погодоци и запиша четири асистенции.