Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити нема да носи засилувања во јануарскиот преоден рок.
Иако со актуелниот шампион на Англија се поврзуваат голем број на фудбалери, менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола денес ги отфрли сите наведувања и само кратко порача:
„Во јануари нема да носиме никого“, истакна Гвардиола и така им стави крај на шпекулациите кои во изминатите месеци се појавија во јавноста.
Последниот кој беше поврзуван со „Граѓаните“ беше левиот бек на Лестер, Кивел. Како што се наведуваше беше подготвен трансфер од 50 милиони фунти, а од тоа очигледно нема да има ништо.
Без оглед што нема да има засилувања на „Итхад“, Пеп располага со фантастичен состав кој покрај Ливерпул е најголем кандидат за титулата.