Гвардиола: Ливерпул сега има само плус 2, а утре им гостува доста добар тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше многу задоволен после денешната победа на неговиот тим против Арсенал во Премиер лигата.

Граѓаните ги победија Топџиите со 3-1 на Етихад, а Гвардиола помеѓу останатото рече дека неговиот тим реагираше на вистинскиот начин после поразот против Њукасл.

„Добар тим сме, посебно кога играме под „полн гас“. После поразот од Њукасл разговаравме многу и реакцијата беше вистинска. Ова е само добар почеток за следниот период за нас. Ќе се осврнеме на Евертон, па Челси“.

„Кога изгубивме од Њукаслк, Ливерпул можеше да ни побегне на плус седум. Сега имаат само два бода повеќе и играат против ВЕст Хем кој е доста добар тим“, кажа Пеп.

Инаку, средбата Вест Хем – Ливерпул ќе биде многу важна за Сити, а се игра денес.