Гвардиола: Не заборавајте кого победи Јунајтед пред неколку дена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити вчера во градското дерби го совлада Јунајтед со резултат од 3-1 и така се уцврсти на првото место на табелата на Премиер лигата.

Граѓаните до победа стигнаа со головите на Давид Силва, Агуеро и Гудбоган, а менаџерот на Сити, Гвардиола по завршувањето на мечот беше пресреќен.

„Ја заслуживме оваа победа. Манчестер Јунајтед е врвен тим, но навистина врвен, така да треба да бидее на високо ниво и вака да се надиграте. Не заборавајте кого победи Јунајтед пред неколку дена“,рече Гвардиола и додаде:

„Сакавме да покажеме квалитет пред нашите навивачи, но не одигравме баш најдобро прво полувреме. Голот на Агуеро на почетокот од вториот дел многу ни помогна. Знаевме колку е важен овој натпревари и презадоволни сме од победата“.

Сити сега има 33 бодови и води на табелата пред Ливерпул (30) и Челси (28).