Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека ќе остане во клубот и по крајот на оваа сезона, но не кажа дали ќе биде предводник на „граѓаните“ и во иднина.
Гвардиола на „Етихад“ стигна во 2016 година, а пред тоа со голем успех ги водеше Баерн Минхен и Барселона. Со Сити оваа година бележи неверојатни резултати и од натпревар во натпревар урива секакви рекорди во Премиер Лигата.
Во последно време доста се шпекулира со неговата иднина, а Пеп изјави дека сигурно ќе остане во Сити и наредната сезона, а после тоа се ќе зависи од резултатите.
„Ќе бидам овде уште една сезона, потоа ќе видиме. Се зависи од тоа дали ќе победуваме или не и дали ќе заслужам продолжување на договорот. Овде сум многу среќен, но за да го продолжиш договорот со голем клуб мора да победуваш“- коментираше Пеп.