Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да обезбеди продолжување на соработката со капитенот на тимот, Винсент Компани.
На белгискиот интернационалец кој пред одреден период наполни десет години како член на Сити актуелниот договор му истекува по крајот на оваа сезона, а преговори за продолжување на соработката се уште не се почнати.
Запрашан дали сака да го задржи Компани, Гвардиола за медиумите во Англија изјави: „Да, тоа е моја желба. Десет години се многу, тоа е неверојатно. Компани играше во Карабао купот како тоа да беше финале од Лигата на шампионите. Тоа многу ми значи. Ако добие шанса да игра пет минути тогаш тоа ќе бидат најдобрите пет минути во неговиот живот. Тој е добар пример за Фил Фоден и остатокот од нашиот состав“- коментираше Гвардиола.