Гвардиола со воодушевување: Новиот „Фернандињо“ пристигнува од Хрватска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола неколкупати истакна дека во неговиот тим постои само еден играч кој е незаменлив – Фернандињо.

Бразилецот кој е клучна фигура на средината на теренот и се е полесно кога тој е на него, меѓутоа проблемот настанува кога искусниот Бразилец едноставно не може да испрати жесток ритам на мечот бидејќи не постои вистинска замена за него.

„Граѓаните“ пронајдоа решение, барем во перспективата бидејќи на „Итхад“ наскоро ќе пристигне фудбалерот на Хајдук од Сплит, Анте Палаверса.

Младинскиот репрезентативец на Хрватска има 18 години, ова му е дебитантска сезона во првиот тим за кој собра 17 настапи и важи за еден од најталентираните играчи за врска во Европа.

Висината на трансферот е близу 7 милиони фунти, а се наскоро би требало да биде и официјализирано.