Гвардола: Одвај ја чекам истрагата на УЕФА за нелегалните работи на Манчестер Сити…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити се наоѓа под сериозна истрага на УЕФА, која е на добра трага да ги расветли бројните финансиски малверзации со кои овој клуб се занимавал во изминатите неколку години.

„Граѓаните“ се обвинуваат за преувеличување на износите и приходите од спонзорските договри за да бидат во можност да трошат повеќе пари за купување на нови играчи, со што ги прекршиле правилата на Финансискиот фер плеј.

По победата против Вотфорд, новинарите ги интересираше што за тоа мисли менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Шпанецот беше мирен, или барем добро одглуми.

„УЕФА го прави тоа што го прави и ако пронајдат било што, клубот ќе издаде официјално соопштение и ќе ја објасни ситуацијата. Ако сме направиле нешто нерегуларно, ќе знаеме, а ако не, луѓето ќе престанат да зборуваат за тоа. Затоа одвај чекам да дојде истрагата“, истакна Гвардиола и додаде:

„Сакам да нагласам дека им верувам на луѓето во клубот и комплетната организација. Ако нешто не е во ред, тие ќе ни кажат“.

Во случај да се испостави дека е точно дека Манчестер Сити се занимавал со нелегални работи, ќе му биде забранет настап во Лигата на шампионите следната сезона.