Гендузи одбил европски гигант за да се пресели во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот за кој многумина не ни слушнаа пред почетокот на оваа сезона, а сега ги освојува срцата на сите „топчии“, Матео Гендузи имал многу понуди на својата адреса пред да се пресели во Арсенал.

„Канал +“ пренесува дека 19 годишниот фудбалер ова лето го одбил тимот на ПСЖ кој бил заинтересиран за неговите услуги.

Наводно ова било втор пат Гендузи да го одбива францускиот гигант затоа што еднаш веќе го одбил кога имал 15 години. Тогаш играчот од средниот ред се одлучил да се приклучи на академијата на Лориен, каде импресионираше со неговите перформанси по што стигна понудата од Арсенал.