Гери Кејхил ја одбра следната дестинација, новиот клуб ќе изненади многумина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот 32 годишен дефанзивец на Челси, Гери Кејхил речиси сигурно ќе си замине од тимот во текот на зимскиот преоден рок.

Поранешниот англиски репрезентативец воопшто не добива шанса од Маурисио Сари, па се реши во јануари да ја промени средината со цел да игра повеќе првотимски фудбал.

И иако многумина сметаа дека Кејхил ќе продолжи во некој клуб од Премиер лигата, тоа нема да е така затоа што за него сериозен интерес пројавил тимот на Шефилд Венсдеј.

Тимот на Шефилд Венсдеј во моментов е десетто пласиран во Чемпионшип лигата, но се уште е меѓу тимовите кои имаат аспирации да се пласираат во Премиер Лигата следната сезона.