Германците го рушија зимскиот рекорд – Потрошија 91 милион евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рекордер е Бејли кој денес стигна до Леверкузен, а најмногу потроши Волфсбург, 30 милиони евра.

Пред неколку минути беше спуштена завесата на трансфер пазарот во Германија каде беше рушен уште еден рекорд. Клубовите од Германија потрошија 91 милион евра. Ова е нов рекорд, а стариот беше поставен пред две години кога клубовите од Бундеслигата потрошија 65 милиони евра.

Волфсбург беше клуб кој најмногу купуваше оваа зима откако се отвори пазарот на први јануари, а за тоа заслужен е податокот кога за 42 милиони евра го продадоја Дракслер на ПСЖ. Волците добиените пари ги потрошија за да ја подобрат 14-та позиција на табелата, а најголемите инвестиции беа Рајхедли Базур и Јунус Мали.

Помеѓу најскапите трансфери е трансферот на Леон Бејли од Генк во Баер Леверкузен за околу 13.5 милиони евра. Интересно е што купуваше и Хамбургер кој за 9.2 милиони евра го доведе Валас од Гремио.