Гестот на Кристијано Роналдо кој Олд Трафорд нема да му го заборави никогаш


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Кристијано Роналдо синоќа по втор пат откако замина од Манчестер во 2009. година настапи на Олд Трафорд.

Неговиот Јувенутс со голот на Дибала го совлада неуверливиот Јунајтед, а враќањето на Театарот на соништата кај Роналдо предизвика големи емоции, бидејќи сепак во дресот на Манчестер Јунатед започна да ја гради својата кариера.

Публиката го дочека на фантастичен начин. Немаше свирежи кои знаат да го дочекаат скоро на секое гостување низ светот.

Кристијано последен го напушти теренот, ја поздравуваше публиката и одговараше со аплаузи покажувајќу на своето срце.

Исто така, еден навивач проба да дојде до Кристијано, но обезбедувањето со жестока реакција го спречи, сепак Португалецот му пријде на навивачот и се фотографираше со него.