Гигантите може да ги подготвуваат понудите – Монако ја одреди цената за Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе е млад фудбалер на Монако за кој се заинтересирани многу гиганти.

Овој 18-годишен фудбалер игра одлично без оглед на неговите години, а на последниот натпревар во ЛШ, Сити го почуствува неговиот квалитет.

Тој во последно време најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид, а Монако ја одреди неговата цена за сите што се заинтересирани за него.

Цената изнесува 60 милиони евра, а тоа е голема сума за играч кој има само 18 години.

Тој оваа сезона одигра 18 натпревари во Лига 1 и постигна 7 голови и 6 асистенции.