Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Фудбалските клубови Барселона и Ливерпул би требало наскоро да се договорат за Кутињо.
Како и претходните денови и ова утро се појавија нови информации за овој трансфер.
Медиумите пренесуваат дека преговорите сопреле поради разликата од 15 милиони евра колку што Ливерпул барал да се додадат на моменталната сума, а Кутињо бил подготвен тие пари да ги вложи од својот паричник штом ќе премине во Барселона.
Но тоа не е се, Ливерпул замина во Дубаи на тренинг камп, а на списокот го нема Бразилецот.
Да потсетиме, Барселона за Кутињо треба да плати 120 милиони плус 40 милиони низ други бонуси, затоа што Ливерпул инсистираше на поголема цена од таа која Барселона ја плати за Дембеле минатото лето.
Единствен проблем за Кутињо и Барселона е тоа што тој нема право за настап во ЛШ, но секако за да биде тоа проблем, прво треба да се реализира трансферот помеѓу овие два клубови.