Гигс конечно седнува на тренерско столче


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пред малку пренесе „Скај Спортс“ Рајан Гигс денес бил интервјуиран од страна на Фудбалската асоцијација на Велс за селекторската позиција на оваа репрезентација.

Велс е без селектор откако Крис Колман си замина во ноември со цел да ја преземе клупата на Сандерленд.

Рајан Гигс по напуштањето на Манчестер Јунајтед каде по завршувањето на играчката кариера беше помошник на Мојс и Ван Гал, а на четири натпревари беше и в.д тренер на „ѓаволите“, продолжи да работи како фудбалски експерт во медиумите во Англија.

Доколку биде назначен за нов селектор на Велс, ова ќе биде прво вакво искуство за легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.