Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Пристигна и потврда од повеќе извори.
Реал Мадрид и Атлетик Билбао ја завршија работата, Кепа Аризабалага ги помина во четвртокот лекарските прегледи и ќе стане нов член на Реал.
Тие одлучија да ја платата клаузулата од 20 милиони евра и да го донесат одличниот голман како конкуренција на Кејлор Навас, па се очекува клубот да го напушти Кико Касиља.
Билбао не мораше ништо да одлучува, а и тешко дека можеше да каже нешто за овој трансфер, затоа што Кепа останува без договор во наредното лето и тогаш би можел да замине бесплатно, а вака тие заработија 20 милиони евра.
Кепа беше голема желба на Зидан кој сака да има силна конкуренција на голот, затоа што Касиља не ги исполни очекувањата во оваа сезона.