Ги тепале со палки, нозе.. Полицијата од Сплит откри детал за нападот врз ватерполистите на Ц. Звезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полицијата од Сплит во соработка со државните обвинителства вршеше криминалистичка истрага и испитување на три хрватски државјани, кои се осомничени дека ги нападнале ватерполистите на Црвена Звезда.

„Потврдено е дека станува збор за два 25-годишни и еден 23-годишен човек, за кои се соменва дека ги тепале ватерполистите со палки“, пишува во соопштението.

Полицијата пишува дека во 13.30 часот физички ги нападнале ватерполистите, а причина за нападот е тоа што носеле клупски обележја.

Хулиганите притоа ги навредувале ватерполистите, по што 29-годишен играч скокнал во морето, а од него и понатаму барале да им го даде дресот.

Уапсените во моментов се во притвор, а постапката продолжува и наскоро се очекува расветлување на случајот.