Главоболка за Гвардиола: Уште еден играч ја заврши сезоната поради повреда!?


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


На вчерашниот тренинг на Манчестер сити, Клаудио Браво, поради повреда морал да го напушти теренот и да биде префрлен во болница.

Според првите информации станува збор за повреда на Ахиловата тетива, односно е потешка повреда.


„Би-би-си“ пишува дека Браво се повредил на самиот почеток на тренингот, па денеска ќе оди во Барселона на дополнителни прегледи, но поради ова би можел да ја пропушти цела сезона.