Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од најголемите ѕвезди на Англија, Деле Али се повреди во мечот против Тунис, по што мораше да го напушти натпреварот во второто полувреме, а на негово место влезе Рубен Лофтус-Чик.
Англиските медиуми пишуваат дека не се појавил утрово на тренинг на репрезентацијата и најверојатно нема да игра против Панама во недела.
Ова е голем проблем за Англија, поради тоа што Али е важен играч, а доколку не заигра против Панама, тогаш на негово место најверојатно ќе игра Лофтус-Чик.
Англија во првиот дуел го победи Тунис со 2-1, а доколку победат и против Панама, како што се очекува, тогаш би можеле да се пласираат во осминафиналето на Мундијалот во Русија.