Главоболки за Венгер: Дортмунд го „кочи“ трансферот на Обамејанг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на бундеслигашот Борусија Дортмунд е на прагот пред потпис со англискиот гигант Арсенал, но се` уште нема потпишано договор и постои добра причина за тоа.

Неговиот актуелен клуб Борусија Дортмунд постигна договор со Арсенал за обештетување кое изнесува 60 милиони фунти, но едноставно не смее да дозволи да потпише за Арсенал пред да најде алтернатива.

Со оглед на тоа дека денес е последниот ден од преодниот рок, Борусија не сака да дојде во ситуација да остане без Обамејанг во продолжението на сезоната, а притоа да не донесе друг напаѓач.

Наводно, Борусија во текот на денот би требало да го ангажира Мичу Батсуаи од Челси.