„Глуми богаташ, а позајми 10.000 фунти од мене и сега го бркам со години поради тоа!“


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Вест Бромвич Албион, Виктор Аничебе му порача на поранешниот соиграч Стефан Сесењон дека му должи 10.000 фунти.

На Инстаграм објави приказна дека Сесењон му должи пари и испрати грди зборови кон него.

„Бараше да му позајмам 10.000 фунти. Го бркам долго време поради тој долг, но не ми одговара на повиците и пораките. Дури позајмил иста сума од Јусуф Мулумбу и него не му ги вратил парите. Глуми богаташ, а позајмува пари и не може да ги врати“, напиша Аничебе.