Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер кој ги брани боите на Арсенал, Санти Казорла, помина низ најтешкиот период во кариерата.
Казорла поради повреда на ахиловата тетива веќе долго време е надвор од терените. Но, тоа не е најлошото нешто што можело да му се случи…
„Доколку можеш да шеташ со синот низ дворот, биди задоволен“- ова биле зборовите на лекарот кој го лечел шпанскиот фудбалер.
За среќа Санти денес шета со синот и за чудо е подготвен дури и да се врати на терените.
Некогашниот шпански репрезентативец е среќен што повторно ќе игра фудбал. Една од најтешките спортски повреди доведе до компликации па прашање беше дали ампутирање на неговото стапало би било единственото решение.
Неадекватното лечење предизвикало инфекција на крвта, која поради лошиот третман со користење на антибиотици можело да му ја прекине кариерата. Сепак, за среќа, повредата е санирана и Казорла на терените треба да се врати во јануари следната година.
Фудбалерот кој за Арсенал нема настап од октомври минатата година мораше да помине осум операции за целосно да заздрави од повредата.