Година од соништата за Јуве: Го доведоа Роналдо, а сега завршија работа вредна дури 400 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатава година беше многу успешна за Јуве, но крајот им носи уште поубави работи.

Јувентус е незаприлив и оваа сезона во Серија А, а тимот од Торино судејќи според се полека станува еден од главните фаворити за најдобар на Стариот континент.

Доаѓањето на Кристијано Роналдо ја оболежи 2018. година, а сега стигнува уште една фантастична вест.

Имено, Старата дама го продолжи договорот со производителот на спортска опрема Адидас до 30. јуни 2027 година.

До крајот на договорот германската компанија на Јувентус ќе им исплати 408 милиони евра со додатен бонус од 15 милиони евра кој ќе биде исплатен до крајот на оваа година.

Се на се, новогодишните празници од денес можат да започнат кога е во прашање Јуве.