Годините се само бројка: На 105 години извозе 22 километри


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинот Робер Маршан во својата 105 година премина 22 километри и така постави рекорд во категорија на натпреварувачи над 105 години.

Дека годините се само бројка, покажа овој велосипедист кој успеа во една сала во Париз да извози 90 кругови, односно 22 км.

Маршан е роден во 1911 година, па така успеал да преживее 2 светски војни.

По големиот успех, тој кажа во што е тајната.

„Мој единствен допинг е лажичка мед и вода.“

Пред заминување во пензија, тој бил пожарникар.