Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико до крајот на сезоната нема да може да смета на Диего Годин.
Дефанзивецот на Атлетико во последниот натпревар против Еибар беше исклучен поради два тешки прекршоци врз противникот, па по 2 жолти картони, автоматски доби 1 натпревар суспензија.
На тоа ќе останеше ако Годин по натпреварот не ги критикуваше судиите, а такво нешто не толерираат во Шпанија и казната му е продолжена на 3 натпревари.
Со оглед дека до крајот на шампионатот во Шпанија останаа уште 2 кола, тоа значи дека за него е завршена сезоната.
Тој би можел наредново лето да го напушти тимот на Атлетико.