Голден Стејт стигна до 50-та победа – ДеРозан го „сруши“ Њу Јорк!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт на гостувањето во Филаделфија стигнаа до нова победа. Тие со 119:108 победија во натпреварот, а тоа им беше 50-та победа. Гостите имаа водство од самиот почеток и така стигнаа до победата. Кевин Дурант постигна 27 поени и 8 скокови, а Томпсон постигна 21 поен.

Торонто го победија Њу Јорк со 92:91, а ДеРозан постигна 37 поени во победата. Кај Њу Јорк најдобар беше Кармело Ентони со 24 поени.

Останати резултати:

Кливленд – Милвоки 102:95
Бостон – Атланта 98:114
Далас – Мајами 96:89
Хјустон – Индијана 108:117
Сакраменто – Минесота 88:102