Големата Барселона и лошиот тактичар Енрике завршија лошо – Ибаи Гомез го замолкна Камп Ноу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последниот натпревар денес, фудбалерите на Барселона доживеаа изненадувачки пораз од новиот прволигаш Алавес на Камп Ноу, 1:2.

Барселона денес играше во стартниот состав без Меси, Суарез, Иниеста и Тер Штеген. Фудбалерите на Барселона први се заканија по голот на Фернандо Пачеко. Тоа беше Алеиш Видал кој два пати се обиде да го совлада Пачеко, но не успеа. Во 39-та минута Дејверсон на асистенција на Кико погоди за водство на Алавес. До крајот на првото полувреме Нејмар и Ракитиќ се заканија по голот на Пачеко, но беа непрецизни. Уште на стартот на вториот дел, Жереми Матие беше највисок во скокот после корнер и погоди за израмнување. Само неколку минути подоцна повторно после корнер, Матие имаше огромна шанса за да направи пресврт, но се посрамоти и шутираше над голот. Ибаи Гомез во 64-та минута погоди за ново водство на Алавес и го замолкна Камп Ноу. Фудбалерите на Барселона до крајот на натпреварот се обидуваа да стигнат барем до реми, но безупешно. Алавес направи сензаија и славеше со 1:2.

Во новата сезона ова беше прв пораз за Барселона, а прва победа за Алавес.