Голема дилема помеѓу „кралевите“: Пристигна понуда од 95 милиони евра, а одлуката е на Перез!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Фантастична понуда пристигна на сметка на Реал Мадрид, каде што се расположени за продажба.

Герет Бејл беше повреден и го немаше цела сезона, а кога ќе се врати, повторно се повредува, па тоа многу ги нервира и навивачите на Реал Мадрид, но и управата на тимот.

Поради тоа се размислува за негова продажба, а наводно има заинтересирани тимови од ПЛ.

Овој 28-годишен фудбалер оваа сезона одигра само 15 натпревари за Реал, постигна 7 голови и докажа дека може да биде од помош кога игра, но оваа сезона ретко играше.

Една понуда која пристигнала на адресата на Реал гласи 95 милиони евра и таа доаѓа од Кина, поточно од Гвангжу.