Голема победа нарепрезентацијата до 19 години на стартот против Швајцарија (ВИДЕО)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Младата репрезентација на Македонија до 19години забележа голема победа против фаворизираната селекција на Швајцарија. Избраниците на Вујадин Станојковиќ со пресврт славеа во воведниот натпревар (2:1) во групата 5 од предквалификациите за Елитната фаза за пласман на Европското првенство.

Во првиот дел Швајцарците доминираа на теренот и сосема заслужено на полувреме заминаа со предност. Единствениот погодок во првиот дел го постигна Угриниќ во 33. минута од натпреварот.

Во второто полувреме нашите надежи заиграа многу поофанзивно и веќе во 56 минута преку Трајановски го израмнија резултатот.  Членот на шведски Хакен со глава ја затресе мрежата на противничкиот голман по одличното додавање од Митровски.

На 2:1 зголеми Јани Атанасов само шест минути подоцна. Врз играчот на Дарко Чурлинов беше направен прекршок за 11 метри кој сигурно го реализира играчот на Академија Пандев.

Во преостанатиот натпревар од нашата група Белгија очекувано со 3:0 славеше против аутсајдерот Лихтенштајн.