Голема чест: „Гранде Пандев“ е во најдобриот тим на Интер во историјата (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се очекува утре да го одигра 100-от меч за селекцијата, а во странските медиуми се појави интересна фотографија со најдобриот тим на Интер во историјата, составен од фудбалери кои произлегле од младинската школа на клубот, а на него се наоѓа токму нашиот капитен.

Пандев во Италија почна во младинскиот тим на Интер, а потоа беше во Специја и Анкона, по што замина во Лацио. Од таму, се пресели во Интер, каде што освои многу трофеи, меѓу кои Серија А, италијанскиот Куп, Лигата на шампиони, Светското клупско првенство…

Во најдобриот тим на Интер, составен од фудбалери кои произлегле од младинската школа на клубот, се наоѓаат Џузепе Бергови, Валтер Ѕенга, Џакинто Факети, Марио Балотели… и секако, нашиот капитен Пандев, кој во четврток ќе го одигра 100-от меч за репрезентацијата на Македонија.