Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Лос Анџелес Галакси и легенда на англискиот фудбал, Дејвид Бекам доби статуа пред стадионот на неговиот бивш тим пред мечот против Чикаго.
Бекам за Галакси настапуваше од 2007 година, па таму остана шест години и освои две титули во МЛС-лигата.
Англичанецот стана прв фудбалер во историјата на МЛС-лигата, кој добил статуа, а таа е претставена во комплексот каде што се наоѓа стадионот на Галакси.
Да потсетиме, Бекам е сопственик на свој американски тим Интер од Мајами, кој ќе се натпреварува во МЛС-лигата од 2020 година.
Бекам кариерата ја почна во Јунајтед во кој се прослави и чиј дрес го носеше од 1992 до 2003 година, кога се пресели во Реал Мадрид. Потоа играше за Галакси, а кратко беше и во Милан и во ПСЖ. За репрезентацијата на Англија одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.