Големиот Липи кажа збогум: Си одам дома, доста е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело Липи реши дека е време за да стави крај. Во април наполни 70 години и вистинско време е да се врати во Италија и да се пензионира.

Легендарниот Италијанец од 2016. година е селектор на Кина, а таму ќе остане до завршувањето на Азискиот куп.

„Си одам дома, доста ми е и најверојатно повеќе нема да работам“, кажа Липи.

Италијанскиот тренер најдобрите денови како играч ги помина во Сампдорија, а како тренер освои сè, како и Светското првенство во 2006. година како селектор на Италија.

Екипата на Јувентус ја предводеше во златните денови и освои пет титули во италија, а во 1996. година и Лигата на шампиони.

Во минатите шест години работеше во Кина, прво како тренер на Гванжу, а потоа и како селектор на таа земја.