Големиот Јунајтед се сопна во Холандија, Рома си замина од Чешка со бод, Сасуоло лесно го доби дербито, големо враќање на Зенит


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денес се одиграа уште 12 натпревари од првото коло од групната фаза од Лига Европа.

AЗ Алкмаар кој беше фаворит на натпреварот против Дундалк не успеа да победи, 1:1. Андерлехт имаше лесна работа на домашен терен, убедливо ја совлада Габала со 3:1. Теодорчик, автогол на Сантос и Капел беа стрелци за Андерлехт, а за единствениот погодок за Габала го постигна Дабо. Апоел ја совлада Астана на Агим Ибраими со пресврт, 2:1. Oливера и Де Камарго ги постигнаа погодоците за Апоел, а Агим Ибраими не настапи на денешниот натпревар. Во Романија видовме пет погодоци на натпреварот Астра – Австрија Виена. Австрискиот клуб славеше со 2:3 со погодоците на Холзхаусер од пенал, Фриесенбихлер и Грунвалд.

Сензација во Холандија, Феенорд го совлада големиот Манчестер Јунајтед со 1:0. Вилхена во 79-та минута го постигна победничкиот погодок за холандскиот клуб. Голеада и голем пресврт во Израел. Зенит после губењето од 3:0 и останувањето на домашните со фудбалер помалку направи превсрт, 3:4 и ги запиша првите три бода. Кокорин, Мак, Џулијано и Џорџевиќ беа дел од големиот пресврт во Израел против Макаби Тел Авив. Берик го спаси Ст.Етиен од пораз во Германија од Мајнц, натпреварот заврши 1:1. Рома успеа да се избори само за бод во Чешка против Плзен. Пероти од пенал за Рома погоди, за Бакос за Плзен. Рапид Виена славеше на домашен терен со 3:2 против Генк. Сасуоло го доби дербито против Атлетик Билбао многу лесно, 3:0. Лирола, Дефрел и Политано беа стрелци на погодоците за Сасуоло. Естебан Камбијано му донесе победа на Олимпијакос од 0:1 во Швајцарија против Јанг Бојс. Зорја на домашен терен го шокираше Фенербахче со 1:0.