Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на мадридски Атлетико, Диего Коста мора да замине на операција на стапалото поради повреда, објави денес шпанскиот клуб.
Диего Коста неколку недели ја влечеше повредата и затоа е закажан хируршки зафат во Бразил, каде е и роден.
Атлетико не објави колку долго ќе биде без 30-годишниот фудбалер, но се претпоставува дека нема да биде пред февруари следната година.
Тој вчера ги одигра сите 90 минути на гостувањето на Џирона, во мечот од Примера, но изгледа дека веќе не можел да ја трпи болката.
Неговото изостанување ќе се обиде да го надомести Хрватот, Никола Калиниќ и младиот Гарсес.